ПочетнаИНТЕРЕСНОМилан го договорил трансферот на Пакуета

Милан го договорил трансферот на Пакуета

Спортскиот директор на Милан, Леонардо, го договорил првото засилување за јануарскиот преоден рок. Нов играч на Милан ќе стане 21-годишниот Лукас Пакуета.

Играчот од редот на врска на „Сан Сиро“ ќе дојде од Фламенго, а бразилскиот клуб од неговиот трансфер ќе заработи 35 милиони евра.

Пакуета до крајот на оваа недела треба да пристигне на лекарски прегледи во Милано, а потоа и да го потпише договорот. Во јануари тој ќе стекне право за настап.

Оваа сезона 21-годишниот фудбалер има одиграно 24 натпревари за Фламенго на кои постигнал два гола. Пакуета има забележано и два настапа за бразилската репрезентација.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП