19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИИнстаграм ја зголемува борбата против вознемирувањето

Инстаграм ја зголемува борбата против вознемирувањето

Апликацијата за објавување на фотографии, во сопственост на Фејсбук, додаде функција против вознемирување, користејќи вештачка интелигенција за да ги скенира фотографиите со цел да се идентификува можна проблематична содржина.

Оваа функција автоматски ги препознава елементите на вознемирување и известува за содржината. Потоа вработените во Инстаграм одлучуваат дали фотографијата ќе остане или ќе биде отстранета, изјави директорот на апликацијата, Адам Мосери.

„Ова ќе ни помогне да идентификуваме и отстраниме многу повеќе вознемирувачки содржини“, рече Мосери, додавајќи дека ова е голем чекор, бидејќи многу жртви на вознемирување не го пријавуваат истото.

Примената на оваа функција ќе биде постепено распоредена на целокупниот систем на Инстаграм во текот на следните недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП