20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЗошто некои интернет прелистувачи се побрзи од другите? (видео)

Зошто некои интернет прелистувачи се побрзи од другите? (видео)

Причините поради кои користиме одреден прелистувач се многу, но ретки се оние меѓу нас кои се подготвени долго да ги трпат оние кои се бавни при работата.

Во две групи можеме да ги поделиме причините поради кои одредени прелистувачи се побрзи од другите: техничките и оние на кои влијаат самите корисници.

Некои аспекти за нивната брзина на работа се однесува на тоа како ги користите. Ова се најчестите проблеми поради кои тие забавуваат веднаш.

1. Надоградба

Општо земено, најновите изданија на интернет прелистувачките би требало да бидат и најбрзи, но и најбезбедни. Затоа редовно и брзо инсталирајте ги софтверските надоградби.

2. Додатоци и екстензии

„Plug-in“-овите, екстензиите и додатоците можат да го направат прелистувачот покорисен, но и да ја забават неговата работа. Затоа нивниот број одржувајте го на неопходниот минимум.

3. Податоците за сурфањето

Интернет прелистувачите собираат голема количина на податоци за тоа како ги користите. Меѓу останатото, во нив се наоѓа историја на пребарувањата, „колачиња“, белешки за превземање на фајловите и многу други работи. Тука се постојано растечките „кеш“ датотеки.

Доколку редовно го чистите тоа што не ви е потребно во вашиот прелистувач, многу е можно тој повторно да „дише“, односно да работи побрзо.

Подетално за тоа што некои прелистувачи се побрзи од другите можете да погледнете во видеото:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП