1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЧиповите продолжуваат да го зголемуваат профитот на Samsung Electronics

Чиповите продолжуваат да го зголемуваат профитот на Samsung Electronics

Јужнокорејската технолошка компанија „Samsung Electronics“ објави профит што ги надмина очекувањата, во услови на добрата продажба на мемориски чипови. Ова пак ја намали агриженоста за намалена побарувачка, пишува „Bloomberg“.

Оперативната добивка се зголеми на рекордни 17,5 илјади милијарди вона (15,5 милијарди американски долари) во првите три месеци што завршија во септември, според прелиминарните резултати на „Samsung“. За споредба, просечната прогноза на аналитичарите анкетирани од „Bloomberg“ изнесуваше околу 17,2 илјади милијарди вона.

Резултатите може да го отфрлат песимизмот за побарувачката на мемориски чипови, иако останува сомнително дали потрошувачите ќе продолжат да купуваат со оваа брзина и следната година. Тоа претставува тежина на најголемиот производител на чипови во светот кој се обидува да ја зголеми продажбата на неговите паметни телефони. Акциите на „Samsung“ оваа година се намалија за 11 отсто, во споредба со зголемувањето од 41 отсто во 2017-та година, кога годишната добивка достигна историски максимум.

„Оперативниот профит се чини дека е на врвот во моментов“, рече Грег Роу, аналитичар во „Hyundai Motor Securities“.

Приходите од продажбата на компанијата за третиот квартал достигнаа 65 илјади милијарди вона во согласност со просечната прогноза на аналитичарите интервјуирани од „Bloomberg“. „Samsung“ нема да ја открие својата нето добивка и деталите од резултатите на поединечните поделби додека не ги објави конечните резултати подоцна овој месец.

Акциите на компанијата се зголемија за 1,8% за време на почетокот на тргувањето во Сеул. Ким Сунг, аналитичар во „Meritz Securities“, предвидува дека поделбата на чипови генерирала профит од 13.6 илјади милијарди вона, додека дисплеите, паметните телефони и производите за широка потрошувачка заедно донесоа 3,9 илјади милијарди вона.

Мемориските чипови носат најголем дел од профитот на „Samsung“ и им даваат време да ја обноват продажбата на своите паметни телефони.

Иако „Samsung“ е светски лидер во продажбата на паметни телефони, кинеските производители како „Huawei“ го предизвикуваат во тоа. „Huawei“ успеа да го надмине „Apple“ и да се искачи на втората позиција во рангирањето на производителите во кварталот, што заврши во јуни, според „IHS Markit“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП