Трошоците за спроведување на летните Олимписки игри во Токио во 2020-та година, како и на Параолимписките игри, скокна седум пати над првично предвиденото, соопшти јапонскиот весник „The Mainichi“, цитиран од „CNBC“.
Домаќинството на гигантскиот спортски настани ќе ја чини Јапонија 801.1 милијарди јени (7.03 милијарди долари), пишува весникот, цитирајќи ја локалната владина агенција „Board of Audit“ која се занимава со ревизија на јавните расходи.
Јапонија – третата најголема економија во светот (ако не се смета ЕУ), во минатото посочуваше дека игрите ќе чинат 112.7 милијарди јени.
Да се биде домаќин на Олимписките игри стана прилично скапо, а понекогаш и неоправдан настан.
Претходните домаќини – бразилскиот град Рио де Жанеиро и рускиот Сочи, влегоа во длабоки долгови, откако, слично на она што се случува во Јапонија, ги надминаа сериозно првичните буџети.