27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСпонзорите му го вртат грбот на Кристијано Роналдо?

Спонзорите му го вртат грбот на Кристијано Роналдо?

Американскиот производител на спортска опрема „Најк“ и компанијата„ ЕА Спортс“, која се занимава со правење  компјутерски игри, кои се меѓу спонзорите на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, изразија загриженост поради обвинувањата за силување од 2009 година и обновената истрага за случајот.

Фудбалерот ги отфрли обвинувањата на 34-годишната Кетрин Мајорга, поранешна учителка, која тврди дека тој ја силувал во неговиот апартман во Лас Вегас. Роналдо прати порака преку Твитер дека ,,неговата совест е мирна и дека смирено ќе ги чека резултатите од истрагата”.

Но, „Најк“, кој со Роналдо има случено договор вреден милијарда долари, не е подготвен така лесно да помине преку обвинувањата со кои се соочува 33-годишниот фудбалер на Јувентус.

,,Загрижени сме за вознемирувачките обвинувања и ќе го продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата”, се вели во соопштението на светски познатиот производител на спортска опрема. Слично соопштение издаде и компанијата „ЕА Спортс“.

Приказната за Мајорга и нејзините обвинувања за силување ги објави германскиот неделник „Дер Шпигел“. Таа случајот го пријавила во полиција истиот ден кога се случил инцидентот, но тогаш не сакала да го открие името на напаѓачот. Потоа вонсудски се спогодила со претставници на Роналдо дека случајот нема да излезе во јавност, за што ѝ биле исплатени 375 илјади долари. Но девет години подоцна таа одлучила да се реотвори случајот и да го открие името на напаѓачот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП