28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW ќе биде готов со „i4“ во 2021-ва

BMW ќе биде готов со „i4“ во 2021-ва

Главниот извршен директор на „BMW“, Харалд Кругер на Саемот за автомобили во Париз објави дека неговата компанија ќе открие сосема нов електричен модел во 2021-ва година.

Според информациите, „i4“ ќе биде петтиот електричен автомобил во гамата на брендот и ќе служи како основа за сите следни електрични автомобили на „BMW“. Сепак, пред да заврши проектот „i4“, компанијата ќе го претстави обновениот „i3“, како и новите верзии на „iX3“, „MINI Electric“ и „iNEXT“.

Се уште не се достапни детали за „BMW i4“, но моделот се очекува да биде успешен, бидејќи повеќе од 300.000 продадени „MINI“ и „BMW plug-in“ хибриди и електрични возила се реализирани досега. Не е јасно како ќе изгледа идниот електричен автомобил, а за него перцепција можеме да имаме од концептот „Vision Dynamic“.

Моделот „Vision Dynamic“, чие деби беше минатата година, може да патува околу 600 км со едно полнење, а максималната брзина е 200 км/ч. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае околу 4 секунди. Се очекува да биде достапен со 3 типа батерии – 60, 90 и 120 kW/h.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП