3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса е првиот спортски клуб со годишен приход од над милијарда долари

Барса е првиот спортски клуб со годишен приход од над милијарда долари

Каталонскиот гигант Барселона се пофали дека станал првиот спортски клуб што успеал да обезбеди годишен приход од над 1 милијарда долари.

При претставувањето на годишните финансиски извештаи, Барса има 1,05 милион долари приход за фискалната 2017/2018 рушејќи го сопствениот рекорд петта година по ред, а веќе осма година тимот има фантастичен профит.

Зголемувањето на парите доаѓа од ТВ-правата од Лигата на шампионите, но и од продажбата на Нејмар на Пари Сен-Жермен во август 2017 од рекордни 222 милиона евра.

Клубот исто така има рекорден буџер од 1,105 милијарда долари оваа сезона, но тој првин треба да биде одобрен од генералното собрание на 20 октомври. Барселона исто така има долг од 181,3 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП