3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИИнстаграм ,,падна”, дел од корисниците гледаат само празни профили

Инстаграм ,,падна”, дел од корисниците гледаат само празни профили

„Инстаграм“ престана да работи, а одредени корисници во САД, северниот дел на Европа и Австралија не можат да ги гледаат фотографиите или профилите.

Корисниците по логирањето можеа да видат само празни профили и порака дека апликацијата „не може да го ажурира времепловот“. Веб-верзијата на апликацијата исто така има проблеми. На почетната страница се појавува „5xx Server Error”.

Проблемот се случува во период кога двајцата основачи на компанијата си заминаа по шпекулациите за несогласувања во „Фејсбук“ за тоа како треба да работи компанијата.

Откако хакирањето на „Фејсбук“ беше објавено за викендот, се утврди дека и корисниците на „Инстаграм“ се дел од проблемот, доколку го користат „Фејсбук“ за да влезат во профилот на „Инстаграм“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП