Според шпанските законите за затајување на данок во оваа земја може да се добие затворска казна од две до шест години. Но доколку ова е прво дело на сторителот може да се извлече само со парична казна.

Јавниот обвинител на Шпанија покрена постапка против Лионел Меси и неговиот татко за наводно даночно затајување. Тоа беше вест која ја шокираше целата јавност, а се чини дека и самиот Меси.
„Навистина сум изненаден. Секогаш го плаќав данокот“, објави Меси на својот профил на „Facebook“.
Шпанските медими велат дека Меси и неговиот татко се обвинети за проневера во периодот од 2007-та до 2009-та година. Според пресметките затајувањето достингало до четири милиони евра.
Доколку се докаже дека ова е прво дело на Меси, тој би требало да плати парична казна помеѓу 8 и 25 милиони евра.