„Opera Software“ го претстави својот нов мобилен прелистувач „Opera Touch“, кој е дизајниран за мобилната платформа на „Apple“ – „iOS“. Новиот предлог ќе се натпреварува со стандардниот прелистувач (Safari) во новите смартфони на „Apple“.
„Opera Touch“ е достапна за „Android“ веќе некое време, но сега и е за „iOS“ уредите. Исто така е оптимизирана за „iPhone“ моделите „XS“, „XS Max“ и претстојниот „iPhone XR“. Корисниците ќе можат да го користат прелистувачот со една рака.
Новиот прелистувач овозможува моментално прелистување на веб-страници кога ќе стартува прелистувачот. Главните функционалности се контролираат со една рака.
Користената технологијата „Flow“, им овозможува на корисниците да споделуваат линкови, белешки, фотографии и видеа со пријателите. Покрај тоа, достапна е и вградена технологија за блокирање на рекламите.