24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПристигнува смартфон со РАМ-меморија од 10 гигабајти

Пристигнува смартфон со РАМ-меморија од 10 гигабајти

Кинеското регулаторно тело TENAA издаде сертификат за нова верзија од паметниот телефон Oppo Find X, која доаѓа со 10 гигабајти РАМ-меморија.

РАМ-меморијата е внатрешна меморија на уредот, која се губи кога ќе се исклучи истиот, а во меѓувреме сите операции што се одвиваат со меморијата се вршат во неа. Сите програми што се стартуваат мора да се вчитаат во РАМ-меморијата.

Според информациите, ова би требало да виде првиот таков паметен телефон на пазарот, освен доколку плановите не бидат расипани од страна на конкуренцијата. Засега нејсериозна закана има од компанијата „Виво“ за која се шпекулира дека исто така развива паметен телефон со 10 гигабајти РАМ-меморија.

Познато е и дека новата верзија на паметниот телефон Oppo Find X ќе има 256 гигабајти внатрешна меморија. Сè уште не е познато кога тој ќе се појави на пазарот и колку ќе чини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП