21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIntel инвестира уште една милијарда долари за зголемување на производството

Intel инвестира уште една милијарда долари за зголемување на производството

Американскиот производител на микропроцесори и специјалиризирани интегрални кола „Intel Corp.“ соопшти дека презема чекори за зголемување на производството и ублажување на недостигот, кој се заканува да го забави растот на индустријата, соопштува „Bloomberg“.

Компанијата со седиште во Калифорнија додава уште 1 милијарда долари во буџетот за оваа година, така што ќе го зголеми производството од фабриките во САД, Ирска и Израел. Производителот на чипови рече дека е изненаден од обновувањето на побарувачката за персонални компјутери. Вкупните трошоци во 2018-та година се проценуваат на 15 милијарди долари.

Акциите на „Intel“ забележаа раст од 3,8% на својата вредност, достигнувајќи 47,64 долари за акција за време вчерашната сесија. Конкурентот „Micro Devices Inc.“ (AMD) објави пад од 8%.

„Intel“ се бори да премине кон напредена производна технологија наречена 10-нанометри, а тоа дава шанса на ривалите, како „AMD“ да се израмнат во овој критичен дел од микропроцесорската индустрија.

„Приносот се подобрува и ние продолжуваме да очекуваме зголемување на обемот на производството во текот на следната година“, изјавија од „Intel“.

Намалувањето на големината на транзисторите на кои се градат микропроцесорите му овозможува на „Intel“ и останатите производители да ги произведуваат по многу пониска цена, што истовремено ги прави моќни и поекономични.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП