22 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБускетс доби договор со клаузула од 500 милиони евра!

Бускетс доби договор со клаузула од 500 милиони евра!

Серхио Бускетс потпиша нов договор со Барселона, со кој фудбалерот од средниот ред ќе остане на „Камп Ноу“ до 2023 година, а во условите на новиот договор има клаузула за отпуст од фантастични 500 милиони евра.

30-годишниот Бускетс е дел од славната академија „Ла масија“ на Каталонија и ја помина досега цела кариера во тимот на Барселона, каде што најверојатно и ќе ја заврши кариерата. Овој договор доаѓа по шпекулациите дека Бускетс е заинтересиран да се приклучи на својот поранешен ментор Пеп Гвардиола во Манчестер сити, но сега на таа поврзаност и доаѓа крај.

Со овој договор, Бускетс сигурно ќе ја помине границата од 500 настапи за својот клуб, бидејќи за тоа му недостасуваат само уште 10 настапи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП