28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСе продава „Вембли“ за 600 милиони фунти

Се продава „Вембли“ за 600 милиони фунти

Англиската фудбалска асоцијација (FA) се согласи да го продаде националниот стадион „Вембли“ на американскиот милијардер Шахид Кан за сума од 600 милиони фунти (790,4 милиони долари), објави „CNBC“.

Асоцијацијата и Кан се согласија да постигнат договор во текот на изминатите неколку дена. За продажбата се бара одобрение, како од 10-члениот борд на „FA“, така и од мнозинството членови во целосниот нејзин состав, за да биде остварена. Некои членови веќе ја потврдија својата согласност.

Милијардерот со пакистански корени преговара со здружението од април. Тој веќе го поседува англискиот фудбалски тим Фулам, како и тимот од Националната фудбалска лига на САД, „Jacksonville Jaguars“.

Предлогот ќе биде разгледан во четврток од страна на одборот, кој се очекува да го одобри договорот, а потоа ќе продолжи да го презентира на состанокот на Здружението во октомври, кога ќе учествуваат сите 127 членови.

Ако договорот се реализира, националниот тим на Англија ќе продолжи да биде домаќин на своите натпревари на „Вембли“, а Фулам ќе остане на својот сегашен стадион „Крејвин Котиџ“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП