4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИФА планира пенали и во мечевите по групи на СП во 2022!

ФИФА планира пенали и во мечевите по групи на СП во 2022!

Новиот претседател на ФИФА, Џани Инфантино повторно се обидува да направи „чудо“ на Светското првенство во Катар во 2022 година со план за зголемување на турнирот на 48 нации и воведување на изведување на пенали во натпреварите по групи кои ќе завршат нерешено.

Инфантино планира со помош на јужноамериканските федерации да го зголеми турнирот од 32 на 48 учесници, кои би биле извлечени во 16 групи по три, од кои првите две репрезентации по групите би влегле во нокаут-фазата од 32 нации. Според сегашниот план, СП во 2026 година во САД, Канада и Мексико е првиот Мундијал со 48 репрезентации.

Еден проблем во овој план со групи по три нации е тоа што последниот меч од групите би можел да биде „наместен“ ако на двете репрезентации им е потребен само поен. Слична ситуација се случи на СП во Русија – во мечот Данска-Франција 0:0. Поради ова, ФИФА планира секое реми на овој мундијал да завршува со пенали по 90 минути без продолжение.

Друг проблем на Инфантино се резервираните 28 дена за СП во Катар во 2022 година – почеток на 21 ноември и крај на 18 декември, и секој план за продолжување на турнирот ќе биде осуден од големите европски клубови.

Овој хаос со големите планови на Инфантино ќе биде конечно разрешен следниот месец, кога во Кигали, Руанда се одржува состанокот на Советот на ФИФА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП