26 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 25.09.2018

Дневен хороскоп 25.09.2018

 

Овен (21.03 – 20.04)

Потребни ви се добри совети, добра организација на работа и малку поголема самодоверба. Некој успеал да ве предомисли во намерите, па сега следува појава на нервоза поради таа одлука. Подготвени сте да инвестирате повеќе во себе. Добрата состојба на банкарската сметка за вас е најдобра рехабилитација.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ќе се обидете да воспоставите контакт со некои лица кои на вас ви биле многу драги. Ви претстои добра соработка со некој Стрелец или Близнаци. Ќе се залагате за некои важни нешта, можеби нема да успеете, но не се разочарувајте во иднина ќе постојат уште шанси.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Месечината во Вага не им одговара на оние кои сакаат слобода, а не фиксно работно време или пак некаков вид на авторитет. Младите Риби многу смело се движат во новите деловни потфати, не размислувајќи дали инвестицијата ќе им се исплати. Во моментот сте еден од најсмелите знаци.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Добрата понуда од некој Стрелец или Овен ќе ве израдува бидејќи ќе сватите дека на лесен начин можете да го решите проблемите во врска со парите. Верувате дека можете да владеете со ситуацијата и лесно да ги убедите оние кои имаат поинаков став од вас за некое многу важно прашање. Обидете се да ги обновите контактите со некои поранешни колеги.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Се трудите да ги контролирате случувањата на работното место и успевате да стабилизирате некоја ситуација која е многу стресна. Свесни сте дека вашите планови се грандиозни. Ако од неодамна сте на ново работно место би било паметно да не навлегувате во кавги со колегите.

 

Девица (23.08 – 22.09)

На работното место денес ќе имате активен и напорен ден. Иако се чувствувате добро во друштво со личноста која ги поттикнува вашите амбиции, сепак прекумерното залагање можно е да ви пречи. Можни се некои поволни вести од некој кој живее и работи во странство. Ќе ви биде потребен некаков совет од некој Лав.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ако во последно време сте биде поактивни отколку вообичаено, ќе добиете пофалба, веројатно помала од очекуваната, но сепак ќе бидете задоволни со тоа што некој ја цени вашата работа. Ако имате прилика да изберете меѓу две работни места, поради транзитот на Месечината, најверојатно ќе се одлучите за онаа која ви овозможува да бидете присутни во јавноста.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денешниот транзит на планетите ви носи добри можности за проширување на соработката особено со оние на кои не сте сметале ниту сте се надевале дека ќе ви бидат од корист. Овозможете им шанса и потрудете се да соработувате. Ако ви се допадне некоја идеја за приватен бизнис, ќе имате потреба од помош од некоја Вага или некој Лав.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе добиете прилика да се сретнете со некој Рак во вечерните часови, можеби и со некој Лав или Јарец и со нив да ги поделите своите искуства во врска со работата во приватната компанија која на вас ви е многу драгоцена. Можна е добра вест во врска со пари. Понудата од некоја Водолија прифатете ја со резерва.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Колку и да уживате во друштво на други луѓе, потребно ви е време само за вас. Обидете се денеска да работите сами, а ако не сте во можност, тогаш секако после работа, тргнете се од сите и одете сами на прошетка. Ако во последно време не ви одеше најдобро со луѓето кои ви значат, размислете за своите очекувања од тие луѓе.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Колегите кои не ве виделе подолг период ќе се израдуваат на вашата средба и веројатно ќе се потрудат повторно со вас да имаат нова соработка. Имате проблеми со самодовербата и многу сте внимателни за нештата кои ги слушате за себе но и за другите. Следува поволна вест поврзана со пари.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ветувате некои нешта за кои не сте свесни дека вас повеќе ќе ве чинат. Помогнете им на пријателите но не до таа мера вие да настрадате. Во следниот период можно е заминување во странство, посета на некој важен семинар и дружба со деловни лица. Искористете ги поволностите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП