3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДецениска љубов, Серхио Агуеро и Манчестер сити

Децениска љубов, Серхио Агуеро и Манчестер сити

Напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро, го продолжил договорот со клубот до 2021 година, со што ќе комплетира цела една деценија во дресот на актуелниот шампион на Англија.

„Среќен сум поради ова. Кога доаѓав идеата беше да останам десет години. Во моментов сум овде седум години, така што кога договорот ќе истече ќе бидат навршени десет години“, рекол 30-годишниот Аргентинец.

Серхио Агуеро во Манчестер сити пристигна во 2011 година од Атлетико Мадрид за сума од 40 милиони евра. Досега има одиграно 299 натпревари на кои постигнал 204 гола. Тој е најдобриот стрелец во историјата на клубот, далеку зад него е Ерик Бурк со 178.

Аргентинецот се наоѓа на второто место на листата на најдобрите стрелци, странци, во историјата на Премиер лигата, со 146 гола. Пред него е само Тиери Анри со 175 гола.

Оваа сезона, Агуеро, веќе има постигнато пет гола на седум одиграни натпревари.

В сабота од 16 часот, против Кардиф, Аргентинецот ќе го одигра јубилејниот 300.натпревар во дресот на Манчестер сити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП