26 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 20.09.2018

Дневен хороскоп 20.09.2018

 

Овен (21.03 – 20.04)

Обидете се да ја добиете довербата на еден Лав кој знае како да ви ласка но не ги отвора картите пред вас. Можно е и двајцата да се наоѓате на некој нов терен кој е непознат за вас. Сакате ризични работи и ситуации во кои вашето знаење доаѓа до израз. Мотивирајте се да работите повеќе, ве очекува добивка.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Не се чудете ако денеска чувствувате потреба за свој простор. Колку и да уживате во друштво на други луѓе, потребно ви е време само за вас. Обидете се денеска да работите сами, а ако не сте во можност, тогаш секако после работа, тргнете се од сите и одете сами на прошетка. Ако во последно време не ви одеше најдобро со луѓето кои ви значат, размислете за своите очекувања од тие луѓе.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денес ќе постигнете цел кон која долго се стремите, но не ја покажувајте возбудата пред другите. Можно е да разбудите завист кај блиска личност која неодамна се соочила со неуспех. Бидете повнимателни кон туѓите чувства. Планетите ви даваат зелено светло за да бидете поспонтани. Престанете да размислувате однапред што ќе кажете следно.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Денешниот ден поминете го со пријателите разговарајки за некое ваше идно заедничко патување. Ќе почувствувате моќ и подготвеност да бидете лидер на тимот. Некои лица ќе побааат совет од вас, доколку станува збор за интимни нешта, не се мешајте во одлуките.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ви претстои поволен период за релаксација и опуштање. Уживајте во убавите мигови и соберете сила за работа. Ќе бидете повикани на некој настан, каде ќе се сретнете со многу интересни лица кои ќе ви остават силен впечаток. Не размислувајте за проблемите, за се постои решение.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе добиете прилика да се сретнете со некој Рак во вечерните часови, можеби и со некој Лав или Јарец и со нив да ги поделите своите искуства во врска со работата во прватната компанија која на вас ви е многу драгоцена. Можна е добра вест во врска со пари. Понудата од некоја Водолија прифатете ја со резерва.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Оптеретени сте со евентуалните проблеми кои би можеле да се појават во соработката со колегите, можеби и со претпоставените. Сметате дека се многу неблагодарни за се што сте направиле за нив. Најсигурни ви се Јарецот и Девицата. Една Шкорпија се надева на вашата помош или на заедничка соработка.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе почуствувате прилив нa позитивна енергија, па прифатете ги предизвиците кои ви ги нуди партнерот. Ќе биде доста лудо и незаборавно за било што да се работи. Покрај изобилството на страсти не смеете да заборавите и на обврските.  Водете сметка да не навредите некого.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Неодговорни и неорганизирани, лица што не сакаат да живеат според правилата. Овој ден ова ќе биде вашиот главен опис. Внимателно бидејќи на некого сте му дошле преку глава па можно е јавно да ве повика и да ве претстави во лош контекст. Ќе зажалите за некои постапки, но може да биде доцна за тоа.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Издвојте неколку часа од денот за лично надградување. Најмногу ќе ви годат мирни и тивки места. Излезете сами на прошетка и уживајте во убавините на градот. Релаксирајте се во интимна атмосфера со најблиските. Избегнувајте бучава.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

На кавгите во вашата околина им нема крај, пробајте да најдете конечно решение за тие да не се повторуваат секојдневно. Голема е веројатноста да кажете нешто за кое долго време ќе жалите. Гласно потенцирајте дека ви е потребен мир и држете се колку што можете понастрана од провокатори на бесмислени расправии.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Обидете се да најдете нешто од кое ќе остварувате дополнителни приходи. Побарајте помош од пријателите. Ова е неповолен момент да земете кредит од банка. Вашето здравје е нарушено, а сето тоа е поради нервозите кои ве совладуваат. Обидете се да се релаксирате, ќе најдете решение за проблемите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП