24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSeat го претстави својот нов SUV – Tarraco (фото+видео)

Seat го претстави својот нов SUV – Tarraco (фото+видео)

Шпанскиот бренд „Seat“ ги продолжува своите нагорни перформанси на светските пазари, забележувајќи раст на продажбата шеста година по ред. Ова беше потпомогнато од двата кросовери – „Ateca“ и „Arona“, на кои сега се приклучи, и третиот – поголем „Tarraco“, кој има 7 седишта.

Името на моделот беше избрано со јавно гласање во текот на зимата. „Tarraco“ е всушност латинското име на градот Тарагона во Каталонија. И самиот кросовер е „близок роднина“ на веќе познатите „Škoda Kodiaq“ и „Volkswagen Tiguan Allspace“.

Всушност, „Tarraco“ е првиот модел на Шпанците кој го претстави обновениот стил на дизајн со хексагонална решетка на ладниликот, подигнатите светла и различните задни светла.

Во големина, новиот „SUV“ на „Seat“ е поголем од „Kodiaq“ и „Tiguan Allspace“. Неговата должина е 4.735 mm наспроти 4.701 кај германскиот модел и 4.697 mm на возилото од Чешка. „Tarraco“ исто така располага со најбогата опрема, која е претставена во „Style“ и „Xcellence“ до сега достапни со „LED“ светла, мултимедијален систем со 8-инчен екран осетлив на допир и климатизација.

Стандардната кабина на кросоверот има 5 седишта, па дополнителните два седишта ќе бидат достапни со доплата. Обемот на багажникот е со иста големина како продолжениот „Tiguan“. Верзијата со 5 седишта е меѓу 760 и 1.920 литри, а во верзијата со 7 седишта максималниот обем е 1.775 литри.

Меѓу моделните опции се виртуелниот инструмент-панел со дисплеј од 10,25 инчи – исто како и „Volkswagen“ и „Škoda“, но со свои мапи. Покрај тоа, „Tarraco“ е првиот модел на брендот, чија мултимедијален систем може да се управува со гестови. Адаптивните „DCC“ амортизери се исто така достапни со доплата.

Најновиот модел на „Seat“ вклучува бензински мотори од 1,5-литарски „TSI“ со 150 КС. и 2.0-литарски „TSI“ со 190 КС, и дизел верзиите 2.0-литарски „TDI“ кој развиваат 150 и 180 КС. За погонот на предните тркала е обезбеден 6-брзински мануелен менувач, а 7-брзинскиот „DSG“ автоматски менувач е за погонот на четири тркала, кој кај „Seat“ се нарекува „4Drive“.

Продажбата на „Seat Tarraco“ во Европа започнува во декември, а следната година ќе се прошири палетата на мотори. Кросоверот нема да се произведува во Шпанија, туку во седиштето на „Volkswagen“ во Волфсбург, заедно со верзијата на „Tiguan“ со седум седишта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП