29 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 19.09.2018

Дневен хороскоп 19.09.2018

 

Овен (21.03 – 20.04)

На работа напнато, во љубовта солидно. Ќе се појават мали недоразбирања, но не навлегувајте во кавги. Верувате во можноста да се договорите со некој заеднички да инвестирате. Денес не навлегувајте во чувствителни разговори и теми поврзани со минатото.

Бик (21.04 – 21.05)

Потребни ви се некои информации кои не можете така лесно да ги добиете. Се трудите од лицата од вашата околина да извлечете некои информации кои ќе ви користат за да напредувате. Не би требало да се оптеретувате со обврските кои комплетно ве исцрпуваат.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ќе имате недоразбирања со самите себеси. Нема да можете да одлучите што да направите. Некој од вашата околина ќе се обиде да ве мотивира, не го прекинувајте дадете му шанса да ви помогне. Недоразбирањата со семејството се ваша вина, најдете начин да се извините.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Појавата на некој проблем во поладневните часови комплетно ќе ве растревожи. Интуицијата ќе ви даде јасни знаци за да донесете правилни и брзи одлуки. Балансирајте го односот со колегите и соработниците. Ќе мора да се потрудите денес за да останете концентрирани на работата.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Намалете ја нервозата и влијанието на проблемите на вас. Не носете импулсивни одлуки и одложете ја одлуката за нареден ден. На крајот на денот релаксирајте се со чаша вино и добра музика. Вечерта ќе ве обземе чувство на задоволство поради животот што го имате.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денес со едно залагање ќе завршите неколку обврски наеднаш. Во текот на работното време ќе ви остане малку слободно време па затоа направете подготовки за наредниот проект. Ќе бидете еден чекор пред другите, па затоа пофалбите ќе пристигнуваат на вашата адреса постојано. Емотивните проблеми кои ве мачат, оставете ги за некој друг ден.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Колегите кои не ве виделе подолг период ќе се израдуваат на вашата средба и веројатно ќе се потрудат повторно со вас да имаат нова соработка. Имате проблеми со самодовербата и многу сте внимателни за нештата кои ги слушате за себе но и за другите.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Нервозни сте бидејќи најверојатно сте прифатиле повеќе обврски од тоа што можете да го постигнете, па сега ви е јасно дека е потребно да направите листа со приоритети. Потрудете се да најдете соодветна помош, односно некој лојален колега кој на практичен начин ги решава проблемите. Следува поволна вест поврзана со пари.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Добрата понуда од некој Бик или Овен ќе ве израдува бидејќи ќе сватите дека на лесен начин можете да го решите проблемите во врска со парите. Верувате дека можете да владеете со ситуацијата и лесно да ги убедите оние кои имаат поинаков став од вас за некое многу важно прашање. Обидете се да ги обновите контактите со некои поранешни колеги.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Напорен ден во кој ќе се појават работни компликации кои ќе ве направат нервозни. Ќе ви биде потребна помош или совет од некој кој многу добро ве познава, особено ако сте во дилема околу парите. Добро се согласувате со некоја Шкорпија и со некој Јарец кои се подготвени да ви направат услуга.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе имате некои недоразбирања самите со себе. И покрај тоа што другите ви кажуваат дека вашите планови се нереалистични во моментов, бидете упорни. Некој од нив може да биде пресуден за вашиот успех во иднина. Подгответе се за возбудлива средба и не глумете дека не сте среќни поради неа.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Размислувате за некој нов почеток во вашата кариера. Оставете го минатото зад себе и учете од грешките на другите. Не очекувајте се да се одвива перфектно и нема да се разочарате. Неочекувано ќе дојдете до некои решенија. Финансиските средства ќе ви претставуваат проблем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП