11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајдобрите од првиот ден на ЕТУ Балканското првенство во триатлон во Охрид...

Најдобрите од првиот ден на ЕТУ Балканското првенство во триатлон во Охрид се закитија со медаљи

Македонската триатлон федерација со одлична организација на ЕТУ Балканското првенство во Охрид

Македонската триатлон федерација заедно со Спорт за сите – Сите за спорт од Охрид имаа исклучителна реализација на ЕТУ Балканското првенство во триатлон. Учесници од над 20 држави се натпреваруваат во текот на викендот.

 

Голем број на натпреварувачи ги завршија макотрпните патеки за велосипед, пливање и трчање. Во Елит категоријата (1998 и постари) имаше 750м пливање, 20км возење велосипед и 5км трчање, во Јуниори категоријата (1999-2002) исто со 750м пливање, 20км возење велосипед и 5км трчање, а во категоријата за Кадети (2003-2005) 375м пливање, 10км возење велосипед, 2,5км трчање.

На кадетскиот Балкански Куп Емир Арици, Габријел Барац и Таха ерен Чошгун беа на подиумот од машка категорија. Од женска 3-те клучни позиции ги земаа Илкбен Сариташ, Лана Гравриловиќ, Сара Сзабо. Најдобри од женска категорија на Балкански и ЕТУ куп за јуниорки беа Тјаша Вртациц, Тил Очвирк, Ивана Граноша, а за машка Лука Гргориниц, Јан Шкрјанц и Ерик Рогоз Лоринц. Од елит категоријата во машка конкуренција победија Огњен Стојановиќ, Пеер Сонксен и Јакопо Бутурини, а во женска Вида Медиќ, Ипек Озтосун и Еце Цалп.

На 16-ти, недела, се одржува и натпреварот за категории по возрасти, натпреварот за деца под 12 години и ЕТУ купот во штафетен триатлон, мешани парови.

Учесниците од целиот свет, од места како Јужна Африка, Америка, Германија, Шведска се запознаа со македонското гостопримство и се заблагодарија за успешната реализација на ЕТУ Балканското првенство во триатлон. Нивото на организацијата беше одлично благодарение и на поддршката која ја имаа организаторите од Агенција за млади и спорт, општина Охрид и Македонски Олимписки комитет.

Од 13-ти до 15-ти септември се одржа и семинар за едукација на меѓународни судии. Во истиот учество земаа 28 судии од поширокиот регион, меѓу кои и Македонија успеа да го збогати своето судиско раководство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП