27 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 14.09.2018

Дневен хороскоп 14.09.2018

 

Овен (21.03 – 20.04)

Љубовната ситуација ќе ви излезе од контрола. Ќе се чуствувате беспомошно и ранливо, особено поради некои гревови на партнерот од минатото. Спротивната страна може да ве погоди таму каде што сте најранливи. А тоа ќе испровоцира кај вас изливи на бес, но за жал во погрешно време и на погрешно место.

Бик (21.04 – 21.05)

Денес ве очекува работно успешен ден. Ги шармирате соработниците и конкуренцијата така што ќе можете да си ги остварите сите желби. Можете да постигнете повеќе од очекуваното. Обидете се тактично да му пријдете на актуелниот проблем и за него да најдете најдобро решение.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Работата доста ќе ве исцрпува, а работните задачи ќе ви одземаат повеќе време од вообичаено. Ќе бидете нерасположени бидејќи немате соодветен план. Ќе се обидувате да ги споите љубовта и работата што ќе ви биде многу тешко. Партнерот не ви е многу наклонет, внимавајте можеби крие нашто од вас.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Не се напрегнувајте, правете одмор од време на време, ќе имате време за се она што сте наумиле да го остварите. Околината тешко ќе може да ја разбере вашата ситуација. Самоувереноста може да ви направи напнатост во односите со некои луѓе кои ви се посебно мили. Ако видете дека луѓето не ве разбираат повлечете се.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Подготвени сте да и се посветите на работата и тоа целосно. Брзо ќе ги увидувате грешките и веднаш че најдете решенија од нив да се спасите. Бидејки се можни некои непријатности, добро би било во се денеска да бидете повнимателни.

 

Девица (23.08 – 22.09)

На припадниците на овој знак, особено на оние од понежниот пол им се препорачува во исполнување на своите желби да бидат поотворени и поспонтани, доколку сакаат да ги разбере околината. Во спротивно ги очекуваат непријатни изненадувања и драматичен и емотивен пресврт. Тоа е последица на копнежот за разновидни љубовни контакти.

 

Вага (23.09 – 22.10)

На работно место ќе ги отстраните пречките за деловниот развој. Искористете ги познанствата и наклонетоста на една влијателна личност. Вашата издржливост ќе се исплати. Свртете ја ситуацијата во своја корист. Во љубовта би требало да го послушате говорот на сопственото тело.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денеска не брзајте. Концентрирајте се на вашите секојдневни работи и живејте во мир. Нагласен ви е односот со јавноста, пример, правни работи, договори или партнерство. Финансиската ситуација во моментот е задоволителна, па тоа нема да ве оптеретува. Некои од вас пак ќе бидат окупирани со размислувањата за нешто посериозно.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Емоциите ги потискате, а од малите проблеми со партнерот без причина умеете да направите вистинска драма. Моментално не сте во состојба за настаните трезвено да размислувате, па ги оставате за друго време. Занимавајте се со некое хоби и нешто од што имате директна корист.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе сакате да се одморите, но тоа е дискутабилно колку ќе ви оди од рака. Некој навистина магнетски го привлекувате, но не сте задоволни со поедини случаеви. Врската со некоја помлада личност било тоа да е емотивна или деловна во секој случај е доста значајна. Резултатите од работата се видливи, но бидејќи постои можност некој да ве изнервира.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Денеска ќе бидете повеќе расположени за другарување и разговори отколку за работа. Некоја личност која вие ја почитувате и многу ви значи, ќе се најде во проблеми кои нема да знае да ги реши. Иако ништо конкретно не ќе можете да сторите сепак бидете покрај неа и дадете и подршка и разбирање.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Денеска подобро ќе се чуствувате. Ќе располагате со малку енргија, но сепак ќе бидете мирни и ќе имате добар однос со претпоставените. Денот е поволен за деловни контакти и деловни зделки, но не и за голема заработувачка. Финансиската состојба не ви е најдобра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП