20 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 15.09-16.09.2018

Викенд хороскоп 15.09-16.09.2018

 

Овен (21.03 – 20.04)

Тешкотиите при воспоставувањето на контактите со околината се последица на пречувствителноста. Некој ќе побара финансиска помош од вас, внимавајте на неговите ветувања, можеби не се толку реални како што ви изгледаат. Обидете се малку да се релаксирате.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Морате сами да се изборите со проблемите што ви се натрупуваат и тоа многу брзо. Бидејќи често се наоѓате во слични ситуации, обидете се да не ја префрлате вината на друг. Внимавајте на парите, не ги трошете залудно, ќе ви недостасуваат за до крајот на месецот. Ќе бидете повеќе од подготвени за учество во некои нови проекти.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ќе запознаете нови луѓе, ќе направите корисно познанство и ќе извлечете корисни лекции од искуствата на другите. Некој разговор со некое лице ќе ве поттикне дополнително да вложите напори во вашите цели. Во вториот дел од викендот можно е пријателите да ве изненадат.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Можеби стресот деновиве ви беше број еден на листата, но викендов работите ќе се сменат. Очекувајте да ве обземе среќа и добро расположение. Во вечерните часови посетете некој близок пријател и испијте го доброто заедничко кафе.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Овој викенд ќе посакувате спокојство и мир. Воопшто нема да чувствувате еуфорија поради новите случувања и ќе претпочитате да ја поминете саботната вечер во домашна атмосфера со саканиот покрај вас. Не сте во врска? Поканете неколку најблиски пријатели и направете си приватна забава, без многу бучава.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Судири предизвикани со нечија критика би можеле да ве доведат во поголем проблем. Ако ви се случи ваква ситуација, немојте веднаш да реагирате. Набргу ќе ви се појават подобри влијанија кои ќе ви донесат разни видови договори и компромиси. Можен е важен деловен договор. Како што одминува месецот ве очекуваат се подобри и подобри случувања.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Викендов можат да ви се случат неочекувано важни настани што ветуваат поволен исход. Добивате деловна сатисфакција, но таа не ве прави среќни. Бидејќи сте нескромни, ситуацијата ни од далеку не може да ги задоволи вашите апетити.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Доаѓаат многу нови работи и сега не знаете како да реагирате. Не плашете се да поставувате прашања. Ќе ви биде многу полесно доколку сте подготвени и кога имате повеќе информации, па затоа прашајте ги луѓето што се околу вас. Нема да можете да изберете што сакате, а што не. Подгответе се за нови нешта.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Во период сте на промени и сега е време своите потреби и ставови да ги ставите на прво место. Често им помагате на другите што се пред вас, но постои граница, која понекогаш е потребна да ја поставите. Поминувајте повеќе квалитетно време со партнерот.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ако се чувствувате сентиментално и ви недостасуваат старите времиња, потрудете се да ги вратите назад. Ви треба само малку волја и желба, а викендот е идеален за оживување на спомените и организација на дружбите какви што беа некогаш.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Станавте свесни за проблемите и контактите со околината. Подгответе се за разочарување од некого на кого сте му верувале. Убавите моменти брзо поминаа, па морате да се соочите со сопствените слабости. Не ви е лесно, но затоа ги имате пријателите кои ќе ве поддржат и расположат.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Мислите интензивно ви се свртени кон некого. Желбата за љубов и создавање семејство е зголемена. Кога ќе наумите нешто, тоа го исполнувате. Имате проблеми со трпеливоста. Сакате веднаш да знаете на што сте, но околностите не ви го дозволуваат тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП