4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛев: Озил ме разочара како човек

Лев: Озил ме разочара како човек

Селекторот на Германија, Јоаким Лев зборуваше првпат сосема отворено за Месут Озил и неговата одлука да се повлече од националниот тим, наведувајќи го како причина расистичкиот однос кон него.

Сето ова беше многу изненадувачки за самиот Лев кој дознал за одлуката на фудбалерот од медиумите.

По ремито 0-0 со Франција, Лев беше запрашан за Озил и не го криеше своето разочарување.

– Секако дека очекував да ми заѕвони, да ми каже лично и да ме информира. Не ги знам причините зошто не го направил тоа. Логично сум разочаран поради овој факт. Долги години одевме по овој пат заедно, имавме многу успех, тој беше класа играч. Но, како човек, јас сум многу разочаран, рече селекторот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП