24 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 07.09.2018

Дневен хороскоп 07.09.2018

 

Овен (21.03 – 20.04)

Имате можност да е истакнете во работата со некој Лав или Стрелец кои се доминантни кон вас, но сепак вашето искуство ќе биде повеќе ценето. Не се нервирајте ако некој Јарец ви даде големи забелешки, неговите намери се добри. Можен е контакт со поширокото семејство.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ова е доста весел ден за повеќето припадници на овој знак. Ќе бидете во прекрасна форма, доста од времето ќе поминете во друштво со вашите пријатели. Убав ден и за заљубените кои би можеле да доживеат совршена хармонија во односите со личноста која ја сакаат. Ќе имате изразена потреба за луѓето да ве сакаат, а тоа и ќе го доживеете.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ова за вас е стресен ден бидејќи не сте во состојба да се поставите соодветно кон лицето кон кое треба да искажете благодарност, а наместо тоа ви се однесувате прилично лежерно. Една Вага или еден Лав ќе ви покажат дека сте неприфатливи соработници. Некоја поволна понуда од една Водолија ќе ве заинтересира.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Многу обврски и лажни ветувања ве водат до нервна исцрпеност бидејќи не знаете на кого можете да сметате. Се трудите да бидете фер и на сите да им излезете во пресрет. Изгледа дека само вие се придржувате до правилата. Некој Стрелец ќе ви донесе нови предлози и можности во врска со некоја хонорарна работа.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Венера, владетелот на вашиот знак се подготвува да влезе во вашиот знак и да ви помогне на најдобар начин да се искажете во работата која ја работите. Трудете се да го пронајдете најдобриот начин како да се активирате во рамките на работата која би ве поврзала со оние кои имаат сјајни идеи во врска со унапредувањето на работењето.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ова би можел да биде солиден ден за оние кои се упорни и амбициозни, практични, и оние кои сакаат по секоја цена да ги истакнат своите квалитети во работата во која немаат големо искуство. Ако сте помлади не ги прфаќајте одговорните задачи за кои сеуште не сте подготвени. Ве очекува многу поволна вест од странство.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Вашите амбиции ќе бидат максимално нагласени и ќе влијаат на односите со околината. Преземете неколку нови обврски и обидете се да ги исполните. Имајте доволно трпение за оние кои ви се драги, не ги навредувајте со потезите. Доколку поседувате приватен бизнис, вашите работници ќе ве напуштат поради вашите лажни ветувања.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Имате многу идеи и ќе добиете прилика да разговарате за можностите кои се поврзани со реализирањето на тие идеи. Некој Овен, Јарец или Стрелец ќе ви помогнат околу тоа. Од многу соработници ќе слушнете негативни коментари, но вие не им замерувајте, сето тоа е добронамерно. Имате начин како да дојдете до поголема сума на пари, не се откажувајте обидете се.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Имате премногу планови но всушност сте премногу опуштени или несигурни во себе и се сомневате дали е можно вашите планови и соништа да се остварат. Би требало да бидете подготвени на секој вид предизвик, особено кога станува збор за соработка со Лав или Шкорпија. Некој Јарец ќе ви даде одличен совет.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Аспектите меѓу Месечината, Уран и Сонцето ви носат одлични можности за работа со лица кои се многу успешни. Ако ви се пружи шанса некаде да отпатувате или да ја промените работата, не ја пропуштајте приликата. Овој ден за вас ќе биде ден полн со изненадувања.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе имате големи побарувања за многу нешта и нема да имате трпение да ги чекате да се остварат. Сето тоа ќе ви донесе кавги со околината. Многу лица јавно ќе ве осудат за постапките и алчноста. Некои Близнаци или Девица се премногу напорни за вас, разговарајте искрено со нив.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Емоционалниот живот ви е пријатен и хармоничен. Ќе имате многу добар контакт и одлично ќе се разбирате со партнерот. Можеби ќе се појави некој проблем на работното место, но сепак вие нема да го сфатите толку сериозно. Некоја личност која во минатото не била праведна кон вас, ќе побара средба и можност за нови почетоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП