ПочетнаИНТЕРЕСНОФудбалерите тргнаа за Гибралтар по првите бодови во Лигата на Нации

Фудбалерите тргнаа за Гибралтар по првите бодови во Лигата на Нации

Фудбалската репрезентација на Македонија го стартува својот поход во новото натпреварување на УЕФА, Лигата на Нации. Првото искушение е да се освои Гибралтар, и според насмевките и расположението кај седуммината фудбалери кои од Скопје полетаа за Малага, а потоа ќе го продолжат патот до Гибралтар, тоа не би требало да претставува посебен проблем.

Иван Тричковски, Илија Несторовски, Елиф Елмас и Кире Ристевски од интернационалците, како и Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи и Кристијан Тошевски од „домашните“, заедно со селекторот Игор Ангеловски и стручниот штаб, полетаа за Гибралтар. Целта е јасна, да се освојат првите три бода.

Официјално, првиот собир ќе биде директно во Гибралтар, каде ќе се приклучат и останатите повикани репрезентативци, предводени од капитенот Горан Пандев, кој синоќа беше стрелец на погодок во Серија А. Стрелци беа и Стефан Спировски и Бобан Николов во Унгарија, и тоа може само да го радува селекторот Ангеловски пред овие репрезентативни настапи.

Македонина му гостува на Гибралтар на 6.септември, а три дена подоцна на домашен терен ја пречекуваме Ерменија.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП