28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛукаку го „спаси“ Мурињо, Вотфорд рамо до рамо со великаните

Лукаку го „спаси“ Мурињо, Вотфорд рамо до рамо со великаните

Белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку ги постигна двата гола во вечерашната победа на Манчестер Јунајтед на гостувањето кај Барнли и со тоа го намали притисокот што беше насочен кон тренерот Жозе Мурињо, за кого се шпекулираше дека ќе добие отказ во случај на пораз.

По четири рунди Јунајтед е на средината на премиерлигашката табела со половичен ефект од две победи и два пораза.

Затоа пак со изненадувања продолжи тимот на Вотфорд кој славеше победа на дуелот со Тотенхем со 2:1. Токму Спарс во минатото коло го „понижија“ Манчестер на „Олд Трафорд“, но денес се „лизнаа“ на теренот на незгодниот ривал.

Вотфорд со максимални 12 бода е на делба на првата позиција заедно со големите имиња на англискиот фудбал, Ливерпул и Челзи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП