28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПСЖ го доби Хуан Бернат од Баерн

ПСЖ го доби Хуан Бернат од Баерн

Пари Сен-Жермен беше активен и на последниот ден од преодниот рок во Европа, купувајќи го Хуан Бернат од Баерн Минхен за 15 милиони евра.

25-годишниот Бернат потпиша тригодишен договор со француските шампиони, откако новиот тренер на ПСЖ, Томас Тухел, лично инсистирал десниот бек да дојде на „Паркот на принцовите“. Бернат освои четири титули од Бундеслигата во четирите сезони со Баерн откако дојде од тимот на Валенсија.

„Горд сум што доаѓам во Пари Сен-Жермен, а по дебито во Шпанија и искуството во Германија, добро е да се дојде во нова земја и во нов клуб, кој има спектакуларен раст последните години. ПСЖ станаа познати низ цела Европа со својот врвен тим и со големите амбиции“, вели Бернат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП