7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Светците“ се вмешаа во трката за Велшанецот

„Светците“ се вмешаа во трката за Велшанецот

bale (1)

Парите во францускиот Париз Сент Жермен очигледно не се никаков проблем. Сопствениците од Катар се подготвени за следниот супер-трансфер, кој овој пат може да биде и од историско значење. Според медиумите во Англија „светците“ подготвуваат точно 100 милиони евра за да ја доведат во своите редови ѕвездата на Тотенхем, Герет Бејл.

Велшанецот е посакуван од скоро сите европски гиганти, а како најсеризозен кандидат за неговиот потпис е Реал Мадрид. „Кралевите“ дури се сметаат за сигурен купувач, откако се појавија информации дека „белите“ веќе го договориле купувањето на Бејл за околу 90 милиони евра.

Сегашната понуда на ПСЖ сепак изгледа далеку поимпозантна и така следната дестинацијата во која ќе замине Велшанецот останува апсолутна мистерија. Бејл пак нема најголемата желба да го напушти Тотенхем, но резултатите на клубот може да го принудат да бара поголем предизвик подалеку од „Вај Харт Лејн“.

Тој сепак не е единствената личност од Тотенхем, кој е посакуван од ПСЖ. Првите луѓе на клубот се заинтересирани и за менаџерот Андре Вила-Боаш. Португалскиот стратег му се допадна и на спортскиот директор Леонардо, кој бара нов тренер за клубот, откако Карло Анчелоти речиси сигурно ќе го преземе Реал Мадрид. Опција за Французите е и Михаел Лаудруп, кој постигна значајни успеси со скромниот Свонси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП