28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСЕХА: Вардар пак го „преслуша“ Металург (видео)

СЕХА: Вардар пак го „преслуша“ Металург (видео)

Aктуелниот шампион од СЕХА-лигата, Вардар со убедлива победа ја стартуваше одбраната на титулата, откако во македонското дерби го совлада Металург со импресивни 34:28 (17:15).

По неубедливиот настап на силниот турнир во Стразбур, без повредениот капитен Стојанче Стоилов и Игор Карачиќ, Вардар не дозволи Металург да го диктира темпото на игра, за на крајот да стигне до заслужена победа.

Роберто Мораеш беше најефикасен за „црвено-црните“ со осум постигнати голови, пет имаше Тимур Дибиров, додека по четири имаа Криштопанс и Шишкарев, додека на голот Милосављев заврши со 12 одбрани. Металург повторно го имаше расположениот Халил Јагањац со шест гола, додека четири гола имаа Јагуриновски и Кузмановски.

Во вториот денешен меч од СЕХА, Мешков Брест покажа дека е поквалитетен тим од босанскохерцеговскиот Извиѓач победувајќи со 33:29.

СЕХА ЛИГА, 1.КОЛО

Извиѓач (БиХ) – Мешков Брест (Блр) 29:33 (17:17)

Вардар (Мкд) – Металург (Мкд) 34:28 (17:15).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП