ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо уште еднаш доби поддршка од управата на Јунајтед

Мурињо уште еднаш доби поддршка од управата на Јунајтед

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ја ужива поддршката на раководството на клубот и покрај лошиот старт во Премиер лигата.

Манчестер по три рунди има два пораза и тоа е најлош почеток за тимот од „Олд Трафорд“ уште од сезоната 1992/93.

Сепак, управата на Јунајтед верува во португалскиот стручњак и очекува подобри резултати на следните натпревари.

Мурињо доби поддршка од раководството и пред дуелот со Тотенхем кој Манчестер го загуби со убедливи 0:3.

Следен противник на „црвените ѓаволи“ во Премиер лигата е тимот на Барнли.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП