1 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 30.08.2018

Дневен хороскоп 30.08.2018

 

Овен (21.03 – 20.04)

Споделете дел од обврските со друга личност и побрзо ќе се ослободите од товарот. Време е да заборавите на калоричната храна во која уживавте овој период и да го наполните фрижидерот со здрава и свежа храна. Потрудете се да ги воочите слабостите и да ги контролирате. Ќе бидете повикани на забава каде ќе сретнете пријатни лица.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Парите во овој момент ви се на прво место, така што дури и би прифатиле работа која не ве интересира. Рационалноста е изразена и тоа е добро, но морате да се свртите кон сопствените проблеми. Одработете си ги своите работни обврски зашто наскоро би можеле да се најдете во голем хаос.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Имате внимание од семејството и пријателите и нема потреба да се чувствувате тажно. Насочете се кон нештата кои ве прават среќни и не се разочарувајте од ситниците кои не ви успеале. Наскоро ви претстои позитивен период во кој многу ќе напредувате.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Способни сте да ја најдете суштината на проблемите и експресно да излезете од кашата во која сте заплеткани. Во љубовта нема да можете логично да размислувате бидејќи максимално сте вљубени и на партнерот му попуштате за се. За време на викендов без чувство на вина следете ги своите желби.

 

Лав (23.07 – 22.08)

На финансиски план, конечно, се стабилизиравте, па полека можете да преминете на наредното ниво. Доколку запознаете нова личност, не дозволувајте вашата лутина и фрустрациите да влијаат врз конечниот суд, туку покажете ги своите квалитети.Доколку пропуштивте нешто, потрудете се тоа денес да го надоместите.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Однесувањето на соработниците ќе влијае на вашето денешно расположение и планови. Бидете дисциплинирани кога е во прашање здравјето. Додека на едно поле ќе назадувате, на друго ќе ви се отвораат нови можности. Нервите ви се чувствителни. Внимавајте на исхраната. Можни се ситни неприлики коишто ќе ве успоруваат на патот кон целта.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе си ја цените слободата и нема да дозволите кој било да ве ограничува и принудува да следите туѓи планови. Денес ќе ги раширите своите крилја и ќе летнете во потрага по забава. Благодарение на Месечината, ќе бидете расположени за дружење без крај. Каде и да одите, ќе наидувате на познаници кои ќе ги заразувате со позитивната енергија.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе разговарате, ќе бидете добро расположени и инспиративни, така што ќе ја разбудите својата околина и ќе ја натерате да ви се придружи во своето веселење. Личниот живот ќе страда поради некои работни обврски, но не грижете се – и тоа наскоро ќе се реши. Договорете средба со пријателите кои одамна не сте ги виделе, разговорот со нив ќе ве израдува.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

За полесно да ги поднесете обврските, настојувајте да ги поделите со домашните. Би можеле да задоцните на некој договор или да се оптоварувате со трачеви и неважни ситници. Некои планови ќе се сменат во последен момент, но не по ваша заслуга. Извршете ги последните подготовки. Овој викенд за жал ќе мора да го поминете работно.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Не трошете ја беспотребно енергијата, потрудете се да се опуштите и одморите. Бидете трпеливи со секоја работа. Настојувате да бидете во центарот на сите случувања. Но не можат сите да се завртат кон вас и да ве сожалуваат, променете го начинот на размислување, не сте само вие секогаш малер.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Во еден момент ќе и се предавате на спонтаноста и ќе реагирате импулсивно, а веќе во друг, ќе бидете многу претпазливи. Трудете се да не одите во крајности. Независно од тоа каква бура ќе беснее внатре во вас, денес ќе бидете подготвени да се забавувате. Поминете го викендот во дружба со семејството и пријателите.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Тактизирајте со работите ако сакате да постигнете успех. Нервозите можат само да ви наштетат. Успешни сте во секој поглед. Искористете го вистинскиот момент и со одлучна акција решете го проблемот. Доколку некој се обиде да извлече корист од вас, ставете му до знаење дека е потребно да ви даде нешто за возврат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП