11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМану Џинобили, конечно, во пензија (видео)

Ману Џинобили, конечно, во пензија (видео)

Аргентинската НБА-легенда Ману Џинобили потврди дека се повлекува од кошарката на 41 година, иако имаше уште едногодишен договор со неговите Сан Антонио спарс.

„Денеска, со многу емоции, објавувам дека се повлекувам од кошарката. Патот беше прекрасен, многу подобар од моите најлуди соништа“, напиша Џинобили на „Твитер“.

Спарси се надеваа дека тој ќе се врати за 17. сезона со нив, и тој тренираше со клубот додека размислуваше за одлуката дали да ја продолжи кариерата.

Џинобили е четирикратен НБА-шампион, двократен НБА ол-стар, освојувач на олимписко злато за Аргентина и МВП на Евролигата. Тој одигра 1.057 натпревари од регуларната сезона и 218 во плеј-офот за Спарси и е во топ пет на тимот по поени (14.043), асистенции (4.001) и украдени топки (1.392). Лани тој играше 20 минути по натпревар со ефект од 8.9 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП