18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМизерија на „Театарот на соништата“ – Тотенхем го казни Јунајтед (видео)

Мизерија на „Театарот на соништата“ – Тотенхем го казни Јунајтед (видео)

Наместо да се вратат по кризата која ја доживеаја по поразот од Брајтон, Манчестер јунајтед се посрамотија пред домашните навивачи на „Олд Трафорд“ и дозволија Тотенхем да стигне до првата победа на гостувањето кај „ѓаволите“ од јануари 2014 година и тоа со високи 3:0!

По ваков пораз, останува да се види дали постои излез од кризата во која се најде Јунајтед и нормално, менаџерот Жозе Мурињо, кој цело лето се „жалеше“ на недостатокот на засилувања, а влезе во конфликт и со Пол Погба и со извршниот директор на клубот, Ед Вудворд.

А сѐ можеше да биде поинаку, ако во 15. минута, Ромелу Лукаку ја казнеше невнимателноста на одбраната на Тотенхем, кога пред себе го имаше празниот гол на Иго Љорис, но Белгиецот некако успеа да го утне обидот.

По ова следуваше казната во второто полувреме, кога за две минути играта на Јунајтед се сруши како „кула од карти“. Хери Кејн ја натскока одбраната на Јунајтед по корнерот на Трипиер за да донесе водство за Тотенхем во 50. минута, а само две минути подоцна Лукас Моура ја казни непостоечката одбрана на домашните за молк на „Олд Трафорд“.

Конечната казна дојде во 85. минута, кога Лукас повторно успеа да си „протрча“ низ одбраната на Јунајтед и лесно да го совлада Давид де Хеа.

Како и да е, ова ќе биде интересна недела за да се чујат коментарите и реакцијата на овој пораз и дали Мурињо може да го „преживее“ ова, или Зинедин Зидан е подготвен да долета во Манчестер.

Со овој пораз, Јунајтед првпат од 1992/93 имаат два порази во првите три лигашки натпревари во Премиер лигата. За Мурињо пак, ова е најголемиот домашен пораз во сите клубови на чие чело бил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП