2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАбрамович (можеби) го продава Челзи за рекордно високa сума во милијарди

Абрамович (можеби) го продава Челзи за рекордно високa сума во милијарди

Сопственикот на Челзи Роман Абрамович ќе сака минимални 2,5 милијарди фунти, или 2,75 милијарди евра за Челзи, за да ја разгледа разделбата со клубот, пишува „The Sun“.

Милијардерот го купи фудбалскиот тим од 2003-та година, но според информациите, тој во моментов „не бара активен купувач“.

Абрамович е во интересна ситуација, бидејќи неговата виза за Велика Британија истекува и нејзиното обновување е ненормално забавено.

Неговиот тим Челзи ја започна новата сезона со три последователни победи под водство на менаџерот Маурицио Сари, кој го замени Антонио Конте.

„Sunday Times“ деновиве информирал дека Абрамович ја ангажирал „Raine Group“ за да му помогне во рејтингот и продажбата на клубот.

Токму компанијата со седиште во Њујорк му помогна на Манчестер Сити да обезбеди 265 милиони фунти, или 291 милиони евра, инвестиција од „China Media Capital“ за 13% од капиталот.

Последните вести од Челзи покажуваат дека американската компанија за приватен капитал „Silver Lake“ не успеа во обидот да купи малцински удел во тимот.

Најбогатиот Британец и фан на Челзи, Сер Џим Ретклиф објави неодамна дека е понудил предлог од 2 милијарди фунти, или 2,2 милијарди евра, но добил негативен одговор од Абрамович.

Во минатата недела акциите на друг англиски тим – Манчестер Јунајтед, поскапеа рекордно, со што неговата вредност се зголеми до неверојатни 3,2 милијарди фунти (3.52 милијарди евра).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП