1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанџо одбил трансфер кај Мурињо

Манџо одбил трансфер кај Мурињо

Играчот на Јувентус, Марио Манџукиќ, одбил да се пресели во Манчестер Јунајтед пренесува „Калчомеркато“. Мурињо му ветил поголема плата на Хрватот, но тој по состанокот со Масимилијано Алегри решил да остане во Јувентус.

Марио Манџукиќ игра за Јувентус од 2015 година, кога во овој клуб пристигна од редовите на Атлетико Мадрид. Манџо во досегашната кариера има постигнато 34 гола и одиграно 127 натпревари за Јувентус.

Летово, Манџукиќ со репрезентацијата на Хрватска играше во финалето на Светското првенство во Русија, а по завршувањето на Мундијалот тој објави крај на кариерата во националниот тим, за кој одиграл 89 натпревари и постигнал 33 гола.

Манџукиќ имаше богати понуди и од Кина, но тој решил да игра за Јувентус, иако покрај Кинезите и Манчестер Јунајтед му нудел извонредни финансиски услови.

„Корпата“ што ја добил од Манџукиќ дополнително ќе го разочара Мурињо, кој во летниот преоден рок не успеа да реализира ниту една своја трансфер желба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП