3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСити дава најголеми просечни плати

Сити дава најголеми просечни плати

sitipari

Ако воопшто и имаше дилеми кој е најбогат, поточно кој е платежно најмоќен спортски колектив во светот, сега повеќе нема. Нормално станува збор за англискиот фудбалски клуб Манчестер Сити чии играчи во просек имаат најголеми примања во светот.

Според истражувањето на „Global Sports Salaries Survey“ (GSSS) за 2013-та година фудбалерите на Манчестер Сити просечно заработуваат 5.239.750 фунти, кога тоа ќе го сведеме на неделно ниво, изнесува енормни 100.764 фунти.

На второ место се најде безбол тимот Лос Анџелес Доџерс чии играчи во просек неделно инкасираат 93.380 фунти. Потоа следат фудбалерите на Реал, а зад нив е нивниот лут ривал Барселона. Колку фудбалот стана најдоходовен спорт на планетата сведочи и податокот дека дури осум од 12-те водечки клубови доаѓаат од „најважната споредна работа во светот“.

Листата на клубови со најголема платежна моќ во светот за 2013-та година изгледа вака (просечна неделна заработка на играчите):

1. Манчестер Сити (Англија – фудбал) 100.764 фунти.

2. Лос Анџелес Доџерс (САД – безбол) 93.380 фунти.

3. Реал Мадрид (Шпанија – фудбал) 90.734 фунти.

4. Барселона (Шпанија – фудбал) 90.201 фунти.

5. Њујорк Јенкис (САД – безбол) 89.407 фунти.

6. Милан (Италија – фудбал) 81.752 фунти.

7. Лос Анџелес Лејкерс (САД – кошарка) 78.671 фунти.

8. Челзи (Англија – фудбал) 78.053 фунти.

9. Баерн Минхен (Германија – фудбал) 76.924 фунти.

10. Интер (Интер – фудбал) 76.923 фунти.

11. Филаделфија Филс (САД – безбол) 76.583 фунти.

12. Манчестер Јунајтед (Англија – фудбал) 75.423 фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП