10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВинс Картер потпиша со Атланта за 21. сезона во НБА!

Винс Картер потпиша со Атланта за 21. сезона во НБА!

Винс Картер не планира да сопре! Ветеранот потпиша договор со Атланта хокс, потврдувајќи ги најавите од јули за да ја игра својата 21. сезона во НБА, за минимална плата за ветерани.

„Чувството е вистинско! Сакам уште да играм, колку и да има минути за мене. Сакам да ги учам моите соиграчи, и тука нема сомнеж. Тоа сум јас“, вели 41-годишниот Картер.

Во Атланта, ветеранот ќе има многу млади колеги, почнувајќи со тројцата кошаркари избрани во првата рунда од драфтот – Треј Јанг, Кевин Хартер и Омари Спелман.

Картер беше најдобар дебитант во НБА во 1999 година, додека осум пати беше во Ол-стар натпреварите. Во 2000 година, тој освои олимписко злато со САД.

Хоукс ќе бидат негов осми НБА тим (Торонто, Њу Џерси, Орланд, Феникс, Далас, Мемфис), откако лани играше за Сакраменто кингс со 5.4 поени, 2.6 скока и 1.2 асистенции во 17.7 минути по натпревар (ги одигра 58).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП