26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОд ноември, „Рајанер“ ќе го наплатува рачниот багаж

Од ноември, „Рајанер“ ќе го наплатува рачниот багаж

Ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ ќе ја прекине долгогодишната практика на бесплатен багаж до 10 килограми, и од ноември оваа услуга ќе ја наплаќа помеѓу 6 и 10 евра.

Според новите правила, на патниците и понатаму ќе им биде дозволено во авион да носат „мала лична торба”, што треба да се стави под седиштето напред, но ако патникот сака да донесе кофер со средна големина, тежок до 10 килограми, тој ќе мора да плати, објави Ројтерс.

Таквата одлука беше донесена поради тоа што се случуваше да се одложи полетувањето на авионот, бидејќи патниците со себе носеа премногу багаж.

Конкурентските авиокомпании Изиџет и Визер сè уште им овозможуваат на патниците да носат, без надомест, рачен багаж со средна големина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП