17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДоколку Мурињо добие отказ, во Јунајтед ќе дојде Конте?

Доколку Мурињо добие отказ, во Јунајтед ќе дојде Конте?

Антонио Конте, поранешниот менаџер на Челси, според обложувалниците во Англија има најголеми шанси да го наследи Жозе Мурињо, доколку Португалецот, во текот на сезоната, добие отказ во Манчестер Јунајтед.

Англиските медиуми, по поразот од Брајтон, ги зачестија шпекулациите дека Мурињо се соочува со отказ. Покрај неубедливата игра Португалецот нема добра однос ниту со првата ѕвезда Пол Погба, а според пишувањата доколку челниците на Јунајтед треба да изберат кој од овие двајца да остане на „Олд Трафорд“, тоа би бил францускиот фудбалер.

Во случај на ваков расплет меѓу „црвените ѓаволи“ би пристигнал Антонио Конте, кој имаше две дијаметрално спротивни сезони во Челси. Во првата ја освои шампионската титула, а во втората заврши на петтата позиција. Италијанецот имаше големи несогласувања со некои играчи и со целото раководство, поради што разделбата со „сините“ не беше пријателска.

За потсетување минатата сезона Мурињо и Конте имаа многу несогласувања, а нивните препукувања неколку месеци ги полнеа страниците во англискиот печат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП