18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал Мадрид е најпопуларниот клуб на светот

Реал Мадрид е најпопуларниот клуб на светот

Реал Мадрид не џабе е „Кралски клуб“. Последното истражување на компанијата „ЈД“ вели дека „Лос бланкос“ бил најбаран клуб на „Гугл“ во 2018 година, а мапите што ги покажа се поразувачки за сите европски и светски ривали.

По четири титули од ЛШ во последните пет години, мадридистите се најбаран клуб во 97 земји на светот, пред неколку англиски клубови (Арсенал, Манчестер Јунајтед и Ливерпул) и Барселона.

Реал Мадрид во Европа е водечки клуб во Швајцарија, Хрватска, Русија, Србија, Романија, Литванија, но и во Македонија, а популарноста е проширена и во САД и Канада, додека големите нации од Јужна Америка остануваат со своите клубови (Ривер Плата во Аргентина и Фламенго во Бразил), а малите се за Реал (Колумбија, Перу, Чиле, Боливија и Парагвај).

Реал исто така доминира во речиси цела Азија и во Северна Африка, а во Јужна Африка најпопуларен е Манчестер Јунајтед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП