8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТасев ја повлече кандидатурата, ФФМ го откажа изборното собрание

Тасев ја повлече кандидатурата, ФФМ го откажа изборното собрание

Процедурата за избор на нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) очигледно не оди најдобро, откако го откажа вонредното Собрание откако Сашко Тасев, единствениот кој ги исполнуваше условите на ФФМ ја повлече кандидатурата.

Овој потег доаѓа откако Комисијата за ибори и верификација на ФФМ одреди дека само Тасев ги исполнува условите, отфрлајќи ги кандидатурите на Харалампие Хаџи Ристески, Вујадин Станојковиќ и Влатко Костов.

Во продолжение следува известувањето од ФФМ.

„Комисијата за жалби при Фудбалската федерација на Македонија постапувајќи по поднесените жалби по одлуки на Комисијата за извори и верификација на ФФМ, а во врска со поднесените кандидатури за претседател на ФФМ ги потврди одлуките на Комисијата за избор и верификација на ФФМ.

-Кандидатот за претседател на Фудбалската федерација на Македонија, предложен од ОФС Кавадарци, Сашко Тасев ја повлече својата кандидатура и писмено ја достави до архивата на ФФМ.

– Вонредната изборна седница на Генералното Собрание на Фудбалската федерација на Македонија за избор на претседател која беше закажана за 01. септември 2018. година поради повлекување на поднесената и утврдена кандидатура за претседател на ФФМ се откажува.

-Управниот одбор на ФФМ, администрацијата и другите тела и органи на ФФМ во наредниот период активно ќе работат со цел организација на Генералното Собрание на Фудбалската федерација на Македонија за избор на претседател почитувајќи ги одредбите од Статутот на ФФМ и водејќи сметка да се обезбеди максимална конкурентност и транспарентност во целиот процес.“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП