5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБразилецот до Атлетико: Пуштете ме во ПСЖ

Бразилецот до Атлетико: Пуштете ме во ПСЖ

Бразилскиот лев бек, Фелипе Луис (33) им порачал на челниците на Атлетико Мадрид дека сака да се пресели во редовите на ПСЖ, објави весникот „Ас“. Откупната клаузула во договорот на Бразилецот изнесува 30 милиони евра, но ПСЖ за трансферот понудил само пет милиони евра, сума која Атлетико веднаш ја одбил.

Левиот бек побарал трансфер во Париз бидејќи таму ќе има место во стартната постава, за разлика од Атлетико каде треба да му биде алтернатива на Лукас Ернандез. Исто така тој инсистирал да замине од клубот, бидејќи во последните неколку месеци не бил во добри односи со тренерот Диего Симеоне.

Колкава и да била желбата на фудбалерот да замине, клубот нема намера да го пушти за само пет милиони евра.

Фелипе Луис пред три години се врати од Челси во Атлетико, чии дрес во два мандати го носи веќе седум години. Во кариерата играч и за Депортиво Ла Коруња, Реал Мадрид Б, Ајакс и Фигуеренсе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП