6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБалотели остана во Ница

Балотели остана во Ница

Марио Балотели решил и наредната сезона да биде играч на Ница. Италијанскиот репрезентативец цело лето беше во потрага по нов ангажман, се поврзуваше со неколку тимови, но не успеа да направи трансфер.

Најзаинтерезирани за неговите услуги биле во Олимпик Марсеј, но Балотели не би задоволен од условите што му ги понудил тимот од „Велодром“.

„Одлуката е донесена. Марио Балотели се реши да остане во Ница. Тој својата одлука им ја соопшти на челните луѓе. Марио од денес ќе тренира со екипата“, стои во клупското соопштение.

Балотели игра во Ница од 2016 година, откако имаше неколку лоши сезони во Манчестер сити, Ливерпул и Милан. Во Ница тој ја оживеа својата кариера, во изминатите две сезони на 66 натпревари постигна 43 гола.

Поради суспензија, Италијанецот немаше право на настап во првите три кола, а дебито во новата сезона треба да го има викендов против Лион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП