3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСерија А потроши 1.14 милијарди евра, повеќе потрошија само Англичаните

Серија А потроши 1.14 милијарди евра, повеќе потрошија само Англичаните

Серија А овој летен период потрошија фантастични 1.14 милијарди евра на фудбалери, со што се втората „најскапа“ лига, само зад Премиер лигата.

Шампионатот стартува денеска со мечевите Киево-Јувентус (18.00) и Лацио-Наполи (20.30), со совршен старт – најважното засилување, Кристијано Роналдо ќе го има своето деби за „старата дама“ во Верона.

Според „Панорама“, клубовите од италијанската прва лига потрошиле 1.14 милијарди евра, за разлика од 907 милиони евра минатото лето, и само Премиер лигата со 1.42 милијарди евра е пред нив. Скокот во последните години е неверојатен – Серија А потроши 335 милиони евра во 2014, 608.8 милиони евра во 2015 и 707.35 милиони евра во 2016 година.

Јувентус, благодарение на Роналдо, потрошија најмногу – 250 милиони евра: 100 за Роналдо, 40 за Жоао Кансело, 40 за Даглас Коста и 35 за Леонардо Бонучи. Роналдо е најскапиот играч ова лето и единствен за кого се платија над 100 милиони евра. По него интересно следуваат двајца голмани – Кепа, кој од Атлетик замина во Челси за 80 милиони евра и Алисон, кој од Рома замина за Ливерпул за 62.5 милиони евра.

Рома се на второто место со потрошени 136 милиони евра за 13 различни трансфери, но порад продажбата на Алисон и Раџа Наинголан, тие се на „нула“. Интер исто така добро се засили, како и Милан под нова управа, додека Наполи не беа многу активни на пазарот, но затоа го донесоа Карло Анчелоти како најголемо засилување на тренерската позиција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП