Поранешниот италијански репрезентативец, Клаудио Маркизио (32), повеќе не е член на Јувентус.
Фудбалерот со клубот договорил спогодбен прекин на соработката и од денес тој е слободен играч.
Маркизио е производ на школата на Јувентус, а дел од клубот бил 25 години минувајќи ги сите возрасни категории.
За сениорската екипа одиграл 389 натпревари и постигнал 37 гола.
Заминува како вистински шампион, со освоени седум титули во Серија А, четири во Купот на Италија и три во Суперкупот.