20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНови фотографии од BMW Z4 пред светската премиера (фото)

Нови фотографии од BMW Z4 пред светската премиера (фото)

На првите официјални фотограии се гледа верзијата „Z4 M40i“ за која се вели дека има мотор од околу 385 ks.

По неофицијалните, се појавија и фабрички фотографии од новиот роудстер на „BMW“, а сега имаме можност да погледнеме и во внатрешноста на новиот „Z4“.

Како и на претходните фотографии, и овој пат е сликана најмоќната верзија „M40i“, но со оглед дека станува збор за официјални фоготграфии, автомобилот изгледа значително поубедливо.

Задниот дел на „BMW Z4 M40i“ го красат продолжени, тенки светлосни групи, интегрираниот спојлер на завршетокот на багажникот, страничните отвори за воздух во браникот и дифузрот со две издувни цевки со трапезоидна форма.

За разлика од примерокот со фотографиите кои се појавија во текот на минатиот викенд, на кои украсните елементи и алуминиумските бандажи на возилото се црни, завршната обработка на тркалата и другите стилски детали на овој „BMW Z4“ се во металик боја.

Ентериерот е дизајниран со спортски, минималистички стил, а во кабината доминира голем екран од „iDrive“ мултимедијалниот систем под кој се наоѓаат централните вентилациски отвори.

Новиот „Z4“, барем во оваа верзија, има дигитална инструмент табла.

„BMW Z4“ ќе биде достапен во разновидна понуда на мотори, а верзијата „M40i“ ќе има шестцилиндарски 3.0-литарски „twin-turbo“ бензинец со околу 385 „коњски сили“.

Најмоќниот „Z4“ ќе биде опремен со спуштена спортка суспензија и електронски контролирани амортизери. „BMW“ најави и дека овој автомобил ќе има високоперформансни сопирачки, како и заклучување на задниот диференцијал.

Светската премиера на новиот на „Z4“ ќе се оддржи на 23-ти август во калифорнискиот „Пебл Бич“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП