26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple ја одложи FaceTime функцијата за групни разговори

Apple ја одложи FaceTime функцијата за групни разговори

Меѓу новите функции, кои „Apple“ ги воведе во „iOS 12“, се наоѓа и опцијата за групни разговори за „FaceTime“ видео платформата.

Објавувањето на „iOS 12“ верзијата се очекува следниот месец, а сопствениците на „iOS“ уредите очекуваа дека ќе бидат во можност да објавуваат видео разговори со до 32 лица во истовремено. Новиот „iOS build“ исто така требаше да им овозможи на „FaceTime“ корисниците да носат „Animoji“ дигитални маски додека разговараат со другите.

Претходно бета верзијата на „iOS 12“ им дозволуваше на корисниците да ги тестираат новите „FaceTime“ групни разговори, но сега „Apple“ официјално објави дека ги одложува новите можности на услугата. Во соопштението, компанијата истакна дека ажурирањето ќе го одложи за наесен.

Од „Apple“ не ги објавија причините поради кои се одложуваат групните разговор на „FaceTime“, кои сега може да се очекуваат за во текот на есента.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП