1 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед именува „директор на фудбал“ – Ван дер Сар и Мончи на...

Јунајтед именува „директор на фудбал“ – Ван дер Сар и Мончи на листата желби

Манчестер јунајтед е во „потрага“ по човек кој првпат би бил поставен на позиција директор на фудбал во клубот, а главни фаворити се нивниот поранешен голман Едвин ван дер Сар и шефот на трансфери во Рома, Мончи, јавува „Дејли мејл“.

Ова доаѓа по „несреќното“ лето со минимални трансфери, и постојаните жалби на менаџерот Жозе Мурињо го натерало Јунајтед да ја смени политиката на клубот. Поранешниот голман на тимот Ван дер Сар е фаворит поради тоа што го познава клубот, но и поради неговата работа со Ајакс, додека во игра се и Мончи, како и Фабио Паратичи од Јувентус.

Директорот на фудбал би работел заедно со и така големиот тим за трансфери на Јунајтед, додека својата улога ќе ја задржат потпретседателот на клубот, Ед Вудвард, и менаџерот Жозе Мурињо. Со ова би се обезбедила постојана политика на трансфери, наместо како досега „брканица“ по фудбалери, по која и цената е поголема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП